Вести Македонија

Утре нов протест на родителите на децата од ООУ Његош: Министерот нема слух туку само се заканува

Родителите на учениците од ООУ Његош организирани преку иницијативен одбор за утре со почеток во 17.30 часот пред зградата на училиштето во Јурумлери најавуваат нов протест и ги повикуваат да им се приклучат сите родители.

Тие преку соопштение упатија порака до министерот за образование Јетон Шаќири дека ако ги одземе ингеренциите на општината ќе следува бојкот на наставата во сите основни училишта на територијата на Гази Баба.

-По заканите од Министерот за одземање на ингеренции, на нашиот иницијативен одбор се приклучија родители на ученици од сите останати основни општински училишта во Гази Баба кој даваат поддршка на нашите барања, соопштија родителите и додаваат дека повеќе од 10 дена на сила е целосен бојкот на наставата во ООУ Његош.

Иницијативниот одбор реагира што по минатонеделниот состанок на повик на градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски на општина Гази Баба на која се сретнале со Министерот за образование и наука Јетон Шакири и му ги соопштиле барања директно и лично, со денови потоа немало слух и реакција од него, а вчера тој се заканил преку медиумите со ултиматуим и одземање на ингеренциите на општината.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири вчера вети дека повторно ќе се сретне со родителите на учениците од ООУ „Његош“ во Јурумлери за да се решат проблемите на учениците Македонци кои бараат услови за организирање на целодневна настава за нивните деца, како и нивна согласност 13 ученици Албанци од шесто одделение наставата да ја следат во училиштето, а не да патуваат со организиран превоз до селото Огњанци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе