Вести Македонија

Различни ставови на функционерите од власта за ефектот од Законот за амнестија

Дали законот за амнестија е за политички цели и дали тој ќе помогне за подобрување на состојбата во пренатрупаните затвори ова се главните дилеми за кои полиитчарите имаат различни мислења

Министерот за внатрешни Спасовски го повтори личниот став дека законот за аменстија не го гледа како решение за затворските проблеми. Ставот на партијата вели ќе го кажат пратениците на седница. Неговиот колега во владата, вицепремиерот Маричиќ смета дека токму амнестијата може да помогне за растоварување на затворите

  • Цврсто стојам на тој став дека со законскиот текст не се постигнуваат ефекти и дека треба да се размислува стратешки во правец на создавање на услови за да може тие оние кои се на издржување казни, да ги издржуваат казните, а не преку амнестии да ослободуваме простор во казнено-поправни установи, повтори Спасовски. 
  • Се додека целта на тој закон е оние кои што се казнети со помали казни или веќе издржале голем дел од својата казна, да можат да бидат ослободени, се додека ја има таа цел, треба сериозно да се разгледа. Бидејки знаеме дека тоа е еден од начините како да се растоварат затворите, смета Маричиќ. 

Дуи го поддржува законот, кој го гледаат во насока на похумани услови во затворите

Токму различните ставови на функционерие од владеачкото мнозинство е уште една потврда за опозицикстата Беса дека законот за амнестија се турка од политички побуди на одредени кругови во власта.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски се сретнал со пратениците посочил дека со овој закон владата на СДСМ и ДУИ сака да ги ослободи криминалците, бидејќи се надева дека тие ќе им помогнат во криминални сценарија за изборната кампања за парламентарните и претседателските избори.

  • Според Мицкоски не прифатливо е докажани криминалци вклучително и оние од случајот Монструм да бидат помилувани или ослободени, додавајќи дека обидите на власта за да ги ослободи докажаните криминалци всушност е надвор од здрав разум.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокираат законот за аменстија во Собранието ако се стави европско знаменце ќе го напуштат свранието најави Мицкоски  уште викендов . Лога  му одговори дека законот за амнестија е ист како оној од 2018 година, кој беше поддржан од ВМРО ДПМНЕ. Немањето став за битни прашања и политиките на блокада подобро се изразуваат со напуштање на Собранието и тоа е гест за поздравување од наша страна, реагирше Лога.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раст на приходите од патарини во првото полугодие

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

Пожарот над Кочани сè уште активен, на терен над 30 пожарникари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе