Пратениците на опозиционата Беса го прозваа вицепремиерот Артан Груби за грубо контролирање на коцкарскиот бизнис кој го спроведува преку вдомување на негови блиски луѓе во управувачките структури на новоформираните државни лотарии. БЕСА тврди дека поради негови лични интереси е закочена и собраниската процедура за новиот Закон за игри на среќа.
Пратеникот на БЕСА, Фадиљ Зендели праша дали за тоа кочење се виновни позициите на 6-мина блиски луѓе на Груби. Прв спомнат беше Перпарим Бајрами, актуелен Директор на Државна видеолотарија, поранешен шеф на кабинет на Груби.
Штитат финансиски интереси во бизнисот со коцкање наместо јавниот интерес- Адеми од ДУИ за албанската опозиција
Меѓу оние што се членови на надзорните одбори на две државни видеолотарии се Омер Буњаку, близок соработник на Груби и учесник во насилните инциденти на Калето пред 12 години, сегашниот шеф на кабинет на Груби Хавуше Љесковица-Исмаили, како и Надије Хоџа која е сопруга на претседателот на Разбуди се (доаѓа на таа функција по заминување на Груби во политиката) и член на Надзорен одбор на Државна видеолотарија.
Член на Надзорен одбор на Државна видеолотарија е и Нијази Мамуди, додека во Надзорен одбор на Нова државна видеолотарија НОВО ВЛТ (формирана во април) е и Артин Спахију.
Ова покажува дека врвот на коцкарскиот октопод без сомнение е кај Артан Груби, нагласи пратеникот на БЕСА, Фадиљ Зендели на прес конференцијата во Собранието.