Веб медиумот Тетова Сот објави видео на кое се гледа како од амбулантно возило се истовара високи столови с постаменти пред казино.
На снимката се гледа како маж од амбулантата вади опрема за угостителски објекти. Не е објавено кога е направена снимката, а се гледа натписот и името на казиното.
Од здравствениот дом во Тетово, кои се задолжени за службата за Итната помош за Телма соопштија дека возилото на видеото не е нивно, туку припаѓа на приватна здравствена установа.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.