Крајот на октомври може да се зголемат бројките на заболени од ковид и грип, кога е и периодот на респираторните инфекции.
Епидемиологот Сашко Олумчев вели дека оваа есен би требало да е спокојна во поглед на вирусите, единствено компликации може да се создадат кај лица со хронични болести и послаб имунитет, кај кои би се поклопиле сезонскиот грип со ковид.
Олумчев вели дека засега симптомите се слаби, нема изразени клинички слики, но лицата што сакаат да се вакцинираат најверојатно ќе можат доколку земјава ја набави вакцината против ковид.
Во Југоисточниот регион овој период е во пораст бројот на регистрирани случаи со ковид, но, епидемиолозите велат дека нема простор за загриженост.
Сузана Мицева