ВМРО – ДПМНЕ денеска на прес конференција повторно обвини дека неквалитетно млеко и млечни производи кои во себе содржат амфлатоксин завршиле на македонскиот пазар. За тоа како што рекоа имаат докази, а денеска на прес конференција презентираа дел од нив.
Првиот документ се однесува на протеински јогурт увезен од Република Србија, и од него се гледа зголемено ниво на амфлатоксин, вториот документ е лабораториски извештај за млеко од една млекарница од Република Македонија, која исто така покажува присуство на амфлатоксин над дозволената граница, изјави денеска Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој јавно праша дали протеинскиот јогурт од соседна Србија и млекото од млекарница во Македонија се пуштени во промет, или истото е преработено и се наоѓа на некој по рафтовите ширум маркетите во Република Македонија.
Вчера пак директорот на АХВ, Николче Бабовски рече дека ваквите информации не се точни и дека млекото од србија кај кое било откриен амфлатоксинот било вратено назад кај производителот.