Пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Дафина Стојановска се јави директно во емисијата Црвена Линија на Телма, каде се дискутираше за тоа Дали во Македонија има доволно развиена политичка култура ? Темата беше испровоцирана од вчерашнот настап на пратеничката Стојановска од собраниската говорница која го обвини вицепремиерот Бојан Маричиќ дека и намигнал и и испратил бакнеж додека таа била на говорница.
Денеска во емисијата Црвена Линија, Стојановска со смирен тон вели дека не бара од Маричиќ да и се извини само неа, туку на сите жени. Жали што со нејзината реакција направила само дефокус од она што требало да се дебатира, но не се кае за искажаните зборови, напротив, вели, требала да биде пожестока. Еве го нејзиното јавување.