Вести Македонија

Одложено судењето и за „Трезор“, Обвинителството го известило судот дека им е потребно време да ги проучат измените во КЗ

И „Трезор“ слично како и „Таргет – Тврдина“ се одложи за да можат обвинителите да направат анализа како измените на Кривичниот законик ќе влијаат врз овој предмет, и донесат одлука како ќе продолжи понатаму.

До Кривичен пристигнал писмен допис од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција со кое бараат одлагање, а кои ќе бидат следните чекори на обвинителството ќе се знае дури на 10-ти ноември за кога е закажано следното рочиште.

Четворицата обивнети, меѓу кои и екс директорот на УБК Сашо Мијалков, одговараат за Ставот 5 од делото „Злоупотреба на службена положба“ поврзано со јавните набавки кое со измените беше избришано. Доколку делата се преквалификуваат по било која од новите одредби, делата застаруваат за помалку од една година, покажаа анализите на правниците.

Судењето за „Трезор“ за набавката на британска опрема за следење за УБК еднаш дојде до првостепна пресуда со која Мијалков беше осуден на 8 години затвор, избеганиот екс началник на УБК Горан Грујевски доби 15 години а останатите двајца обвинети екс функвционери во МВР Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски по 5 години затвор. Апелација во ноември лани ја укина пресудата и предметот сега повтроно е на судење пред првостепениот суд.

На барање на обвинителството се одложи и јавната седница во апелација за „Талир 2“ за изградбата  на партиското седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Со пресудата на Кривичен екс премиерот Груевски доби 6 години затвор а поранешниот генерален секретар на партијата доби условна.

Обвинителот Елвин Вели, кој првично го застапувал предметот, беше унапреден во републичкото обвинителство па новиот обивнител побарал одлагање за да го проучи предметот, објаснуваат од скопското вишо обвинителство за Телма.

Според анализите „Талир 2“ каде има конфискација за „Белата палата“ застарува во 2026 година.

И додека обвинителите полека и тивко се пребројуваат, а републичкиот обивнител Јовески изјави дека не може да каже колку вкупно предмети ќе застарат, но смета дека бројката нема да е голема, од Министерството за правда не откриваат кој ги напишал спорните измени кои беа наречени „скриена амнестија за функционери“.

Работната група што го прави новиот Кривичен законик не учествувала, институциите и невладините не биле консултирани а немаше ниту јавна дебата. Од Блупринт групата невладини размислуваат и да излезат од работната група за новиот Кривичен законик, изјави во Топ Тема на Телма извршниот директор на Коалицијата „Сите за правично судење“, Аврамовски .

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Четворица полесно повредени луѓе во напад со нож во воз на релација Хамбург – Виена

Дејан Дејан

Неколкумина избодени во близина на трговски центар – напад со нож во центарот на Тампере

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе