За д-р Симонида Кацарска најновиот документ напишан од 12 француско-германски експерти за проширувањето на ЕУ е еден од најсериозните предлози со кои ЕУ треба да се соочи во однос на проширувањето. Тој ќе се реализира, смета Кацарска, но одредени сегменти, затоа што самио документ дава повеќе опции за негова реализација – дел од нив во одредена форма ќе се остварат, но дел нема. Она што допрва ќе се види е што и како ќе биде преземено од земјите членки, бидејќи нивните мислења за проширувањето се различни, смета Кацарска во гостувањето во Топ тема.
За државниот советник по ЕУ прашања во СЕП, Драган Тилев, 12-те експерти не се случајно избрани да го напишат овој документ.
- Во документот се вклучени сите оние елементи кои во изминатите години оставаа дилеми, дали ќе се оди на продлабочување или на проширување. Овој документ го дава одговорот дека ќе се оди и на продлабочување и на проширување, што за нас тоа е добро и е позитивен одговор на она што го баравем. Се зборува за проширување и за реформа за 21 век што е долгорочна основа за стратегија. Самиот документ кој е обемен, комплексен со многу дилеми и прашања, но целта беше тоа да се лансираат клучните прашања за ЕУ, и за земјите кандидати, но во самиот документ поставена е една црвена линија, а тоа е дека тоа е извештај, позиција на 12 експерти, значи експертско видување кое ќе развие дебата и во други организации, се надевам и кај нас за да ги препознаеме промените кои се случуваат. Ако се вклучиме сериозно во дебатата подобро ќе ги разбереме промените со цел да имаме капацитет да се подготвиме до 2030 год. Не се зборува сега само за наша цел 2030 год, туку тие и самите си поставуваат цел 2030 година за да се подготват за приме на земјите кандидати.
На иста линија е и проф. д-р Горан Илиќ од правниот факултет при УКЛО – Битола, но смета дека во извештајот недостасува сериозна визија за обединета Европа.
- Она што мене лично ми недостига е постоење на јасни правци и насоки на онаа историски обедеинета Европа. Во делови од извештајот има бирократски вординг, кој треба да покаже дека наводно некој многу се потрудил во негово осмислување, но ништо повеќе од тоа, вели Илиќ.