Судот во Струга се ште не закажал рочиште за случајот со родилката од Дебар Јилдаз Веапоска, која при породувањето во Струшката болница остана без јајник, бугрег и матка. Последното рочиште кое беше закажано за јули се одложи и оттогаш Веаповска нема известување кога ќе продолжи нејзиниот предмет.
„Пратив претставка до Судскиот совет, барање да се испита работата во судот во Струга. И очекувам да има рочиште, очекувам да ја добијам правдата, но кога ќе ја добијам првдата во нашата држава не знам. Дали ќе има правда, кој судија ќе суди не знам“, вели Веапоска.
Вепаоска бара Судскиот совет да го додели предметот, да добие рочиште за да се заврши судскиот процес.
„Барам јавно до Судскиот совет да се преземе мојот предмет и да се суди во повисок суд, каде што ќе нема пензионирани судии, каде што ќе се води постапка и ќе има крај, ќе има правда за мене и ќе има казна за Блертон Асани, за Мухамед Асани и Лилјана Јовановска“, додава Веапоска.
Од друга страна, по две години од судскиот процес во кој се обвинети тројцата лекари за тешки дела против здравјето на луѓето, судскиот процес се враќа на почеток оти судијата Живко Аврамовски и обвинителот Благоја Даскаловски заминуваат во пензија.
Обвинетите се товарат дека при укажување лекарска помош примениле неподобно средство и начин на лекување, со што предизвикале влошување на здравствена состојба на родилката, поради што таа остана без јајник, бугрег и матка.