Вести

Омбудсманот нотира прекршување на правото на пациентите – не запираат реакциите за случајот Онкологија, Зибери бара судски епилог

Не запираат реакциите за случајот Онкологија. Сериозна повреда на правото на пациентите нотира народниот правобранител. Зибери вели дека очекува случајот да добие судски епилог, а информираше и дека уште пред шест месеци бил отворен предмет за недостиг на потребните лекарства за тертман на овие пациенти.

Примерот со онкологија е само еден од егземпларите кои најпластично ги покажува проблемите со кои што се соочуваме. Тука мора да констатирам дека има сериозна повреда на правата на граѓаните во доменот на здравствената заштита кои се надевам дека ќе добијат судски епилог, вели Зибери.

Со дилеми за биолошката терапија и дел од лекарите. Поранешниот министер за здравство, Драган Данаиловски на социјалните медиуми пишува:

Ако во 2019 година е набавена биолошката терапија за болните од малигни заболувања, смртноста во 2020 и 2021 година би требало значајно да опаѓа. Наместо тоа, таа расте!

СРАМ ! Никогаш веќе пациент нема да влезе во докторска ординација без студени морници да му пролазат долж ‘рбетот, прашувајќи се:  И овој да не е од „таквите“?

Е, не се сите такви, ама, „покрај сувото, гори и суровото“. Овој срам никогаш нема да си го испереме! НИКОГАШ!

Политичките партии и овој случај го искористија партиски да се пресметуваат.

-ДПМНЕ падна толку ниско што злоупотребува болни и наместо да ја поздрави истрагата, ја попречува, со обиди да ја политизира и да ја меша со непостоечка надлежност. Ова само потврдува дека Мицкоски стравува што ќе покаже истрагата, за се што се правело на Онкологија години наназад, велат од СДСМ.

-На Клиниката за онкологија наместо да се лечат пациенти, се правел бизнис. Наместо лекарствата да се дадат на лицата болни од рак, истите се препродавани на црниот пазар во Македонија и земјите од регионот.  Очигледно е дека стотици животи биле загрозени, а веројатно можеле да бидат и излечени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните и пациентите преку протести бараа правда за жртвите на Клиниката за онкологија. Обвинителство отвори истрага, но не се собрале дозволно докази дека поранешна директорка на Клиниката за Онкологија сторила кривично дело и финансиски малверзации при набавка на цитостатска терапија во 2011 година и се повлекла од кривично гонење. Против неа МВР во јуни 2012 година поднесе кривични пријава за нанесена штета на Фондот за здравство во висина од 350 илјади евра а тогашнито министер Тодоров ја разреши од функцијата.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Њусом е добар човек, но ужасно неспособен, јас би го уапсил

Дејан Дејан

Орбан: Русија не може да победи ниту во Украина, а не пак да се спротистави на НАТО

Дејан Дејан

Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целата посада на „селфи-јахтата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе