Вести Македонија

Ќе повлече ли новата партија на Арсовска од незадоволните гласачи на ВМРО – ДПМНЕ и на СДСМ

Извесно е дека на политичката сцена идниов период ќе се појави нова политичка партија. Врз основа на проценката на советници на градоначалничката на Град Скопје дека таа уживала голема поддршка кај граѓаните, Данела Арсовска ќе формира своја политичка партија.

Па, во наредниот период ќе се вршат разговори со универзитетски проифесори,, со луше од невладиниот сектор, како и спортот и културата.

Да потсетиме дека според последната анкета на ИРИ, 29 проценти од испитаниците одговориле дека Арсовска треба да биде резибрана за градоначалник на Скопје, а 53 отсто негативно. Осумнаесет проценти се изјасниле дека не знаат или не сакаат да одговорат.

Ова го отвара прашањето дали Арсовска, која на локалните избори дојде на функцијата градоначалник на Град Скопје со поддршка на гласачите на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците, а потоа влезе во политички конфронтации, како и со нив, така и СДСМ, сега ќе собере дел од незадоволните гласачи на овие партии.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целата посада на „селфи-јахтата“

Дејан Дејан

Гувернерот Њусом ништо не презеде за да го запре насилството во Лос Анџелес, обвинува Белата куќа

Дејан Дејан

Гувернерот на Калифорнија ќе ја тужи администрацијата на Трамп поради испраќање на Националната града во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе