Вести Свет

Украински беспилотни пловила погодија руски танкер во близина на Крим

Руски танкер бил погоден од украински беспилотни пловила во Црното Море во близина на Крим, соопштија руските власти рано утринава.

Тие рекоа дека во нападот на бродот поголема штета претрпела просторијата каде е сместен моторот.

Бродот бил нападнат во теснецот Керч.

Официјален претставник на Украинската служба за безбедност потврди дека украинските вооружени сили стојат зад нападот на танкерот, кој како што тврдат превезувал гориво за руските сили на фронтот.

За нападот бил користен морски дрон, наполнет со 450 килограми ТНТ.

Според, Васил Маљук, кој ја предводи Украинската служба за безбедност, рече дека „таквите специјални операции се спроведуваат во територијалните води на Украина и се целосно легални“.

Секоја таква експлозија, рече тој, е „апсолутно логичен и ефективен чекор во однос на непријателот“.

Поради нападот врз танкерот накратко беше запрен и сообраќајот на мостот Керч, 19-километарскиот мост што го поврзува окупираниот Крим со Русија, како и транспортот со траект.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сашко Мицевски нов в.д. директор на Агенцијата за филм

Дејан Дејан

Ако Хезболах нападне, ќе го нема повеќе – порака од израелскиот министер за одбрана до либанската група

Дејан Дејан

Жена загина и тројца се повредени во сообраќајна несреќа во Охрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе