Вести Свет

Нови санкциите за Белорусија од ЕУ во обид да се спречи Русија да ги заобиколи мерките преку трети земји

ЕУ направи уште едно усогласување и проширување на санкциите за Белорусија согласно политиките кон Русија со цел да ја спречи Москва од можноста да ги заобиколи мерките преку таканаречените трети земји, соопшти Европската комисија.

Со новите санкции се проширува забраната за извоз во Белорусија на голем број високочувствителни стоки и технологии кои придонесуваат за воениот и технолошкиот напредок на земјата.

Советот на ЕУ воведува и дополнителна забрана за извоз на огнено оружје и муниција, како и на стоки и технологија погодни за употреба во воздухопловната и вселенската индустрија.

Европската комисија ја поздрави одлуката на Советот на ЕУ и нагласи дека овие рестриктивни мерки се забрзани со оглед на итноста поврзана со борбата против заобиколувањето на одредени високо чувствителни стоки и технологии.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Фордо“ во Иран е 90 метри под планина, масивните бомби на САД продираат до 60 метри во подземни мети – стручњаци сметаат дека напад на локацијата во Иран би можел да биде фијаско

Дејан Дејан

Стотици Израелци преноќуваат во подземни железници

Дејан Дејан

Сончево со умерена локална облачност и ветровито – Временска прогноза за 21.6.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе