Вести Свет

Герасимов ја посети војската во Запорожје – „Да покаже дека е воено ангажиран на првата линија на фронтот“

Рускиот воен началник Валериј Герасимов ги посети областите под контрола на Москва во Запорожје во југоисточна Украина и се брифираше за ситуација во регионот, соопшти руското Министерството за одбрана.

Во официјалното соопштение се вели дека Герасимов „го проверил командното место на групата војници во Запорожје и ги слушнал извештаите од командантот на групата, генерал-полковник Александар Романчук.

Во соопштението се додава дека Герасимов „посветил внимание на навремената идентификација на непријателот, нанесувајќи превентивни удари“.

67-годишниот Герасимов стана началник на рускиот Генералштаб во 2012 година.

Тој беше пофален за зајакнувањето на капацитетите на вооружените сили и го надгледуваше распоредувањето на повеќе мобилни сили.

Некои руски воени блогери го сметаа Герасимов за одговорен за грешките во Украина, но претседателот Владимир Путин во јануари го постави на чело на сите сили таму.

Герасимов со месеци жестоко беше критикуван и од Пригожин, водачот на групата Вагнер.

Откако Вагнер организираше краток бунт против воениот естаблишмент на 24 јуни, се појавија прашања дали Герасимов ќе ја задржи својата работа.

Поминаа повеќе од две недели пред да биде виден во јавноста за прв пат на 10 јули.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот наратив дома и веројатно погрешно пласиран – Димитров во „Вин-Вин“

Дејан Дејан

Димитров: Преспанскиот договор и францускиот пакет се суштински спротивни

Дејан Дејан

Ребаланс: Владата ќе троши повеќе пари, но планира и повеќе да собере во буџетот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе