Триесет и пет луѓе загинаа, а ранети се 100 во експлозија на бомба на денешен митинг на приврзаниците на тврдокорниот свештеник и политички лидер на северот на Пакистан.
Собирот го организираше партијата на Џамијат Улема Ислам која ја предводи Фазлур Рехман.
Здравствените власти стравуваат дека бројот на жртвите може да се зголеми, бидејќи неколкумина од повредените се наоѓаат во критична состојба.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.