Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека желбата на косовскиот премиер Албин Курти е да ја вовлече Србија во конфликт со НАТО. Во интервјуто на ТВ Прва, Вучиќ рече дека Албин Курти има „сериозни комплекси“, дека не го интересираат инвестиции, туку други работи и дека кажува лаги, кога тврди дека Косово се вооружува поради српските бази во копнената безбедносна зона.
Тој бара доволна причина за глупостите што ги изговара, да ја вовлече Србија во конфликт со НАТО.
„Тоа е нивна политичка желба и ние тоа мора да го избегнеме“, рече Вучиќ и додаде дека се надева дека ќе го зачува мирот, дека ќе даде се од себе и дека за тоа разговара со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.