Вести Македонија

Кривичен суд за затворањето на Миле Јанакиески: Притворот веќе му е засметан во казната донесена од Апелациониот суд

Со свое толкување за експресното носење на Миле Јанакиески на издржување на казната затвор за случајот Титаник, денеска со свое толкување излезе и Кривичниот суд којшто го испрати на издржување на 3 и пол годишната затворска казна.

Од Судот во Скопје тврдат дека Апелациониот суд при одлучувањето, во казната му го засметал  и издржаниот притвор, кој според нив е година и девет месеци.

Целосното соопштение на Кривичниот суд:

Во донесената пресуда врз основа на признание на вина со КОК. бр. 7/18 како и во решение на Апелациониот суд – Скопје со кое се потврдува првостепената пресуда, но и во наредбата за спровод од судијата за извршување санкции е наведено дека во досудената казна затвор СЕ ЗАСМЕТУВА времето поминато во притвор односно од 14.11.2018 година до 26.02.2019 година како и времето поминато во куќен притвор сметано од 28.02.2022 година до започнување со издржување на казната затвор на 06.07.2023 година, односно околу една година и девет месеци. Што значи дека во пресудата веќе е пресметан притворот и куќниот притвор за конкретниот предмет, а согласно и со  Коментарот на Кривичниот законик на академик Владо Камбовски (стр. 485 и 486) :

Поимот на секое лишување од слобода го опфаќа и притворот, како и казната или мерката на безбедност што се состои во лишување од слобода за истото дело, издржана во странство….(чл. 121)….

….Во сите случаи е потребно притворот и издржаната казна или мерка за безбедност да се во врска со казненото дело за кое на сторителот му е изречена казна.

Што се однесува до барањето за Вонредно преиспитување на пресудата, истото, по истекот на сите Законски утврдени рокови за достава на пресудата до останатите обвинети за кои Второстепениот суд ја потврди пресудата донесена врз основа на признание на вина, ќе биде комплетиран и доставен во Врховниот суд на РСМ, како надлежен суд за одлучување по барањето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Граѓните ги добија првите сметки за струја со упатство како се читаат броилата

Дејан Дејан

Над 20 повредени откако се преврте автобус во северна Германија

Дејан Дејан

Експлозија на бензинска пумпа во Рим, повредени полицајци и пожарникари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе