Вести Свет

Четири луѓе загинаа во бродска несреќа во северна Италија

Италијански спасувачки служби извлекоа четири безживотни тела од езерото Маџоре, на северот на земјата, по превртување на туристички брод во изненадувачки силна бура.

Во моментот на несреќата на бродот се наоѓале 20 туристи и членови на екипажот. Спасени се 19 луѓе.

Според италијанските медиуми, дел од нив успеале да допливаат до брегот, додека дел биле извлечени од други бродови.

Невремето синоќа ја погоди Ломбардија и предизвика доцнења во авионскиот сообраќај на аеродромот Малпенса во Милано.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Орбан: Русија не може да победи ниту во Украина, а не пак да се спротистави на НАТО

Дејан Дејан

Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целата посада на „селфи-јахтата“

Дејан Дејан

Гувернерот Њусом ништо не презеде за да го запре насилството во Лос Анџелес, обвинува Белата куќа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе