Вести Свет

Полицајци пред Бански двори – закана за убиство кон хрватскиот премиер Пленковиќ и членови на владата

Кон хрватскиот премиер Пленковиќ и други членови на владата, утринава била испратена закана за убиство, заради што на Бански двори било испратено полициско обезбедување, пренесуваат Хрватските медиуми.

Информациите ги потврди лично и премиерот на државата, кој се повика и на последниот извештај на хрватската безбедносно – разузнавачка агенција, според кој нејзините припадници успешно спречиле обид за формирање на паравоена групација која се обидувала насилно да ја собори власта.

Според Пленковиќ, државните институции постојано делуваат за да ги спречат обидите за насилно уривање на власта.

Во извештајот на хрватските разузнавачи се подвлекува дека Хрватска останува општество во кое екстремизмот, по која и да е основа – верска, идеолошка или национална – нема позначајна поддршка во јавноста а со тоа ниту потенцијал за дестабилизација на националната безбедност.

„Ја имавме таа расправа на комисијата за национална безбедност. Имаше две групи кои се многу јасно идентификувани, кои поврзуваа одреден круг луѓе со на насилно урнување на уставниот поредок. Сега имаме една закана. Во моментов единица на интервентната полиција е пред владата. Утринава повторно имаше закана од тој вид и кон мене и кон членовите на владата. И тоа се случува постојано. Ние мора да работиме на сузбивање на таквите групи“. -На кој начин? -Така што ги ангажираме сите служби кои се занимаваат со тоа. Затоа беше објавен и извештајот, да го запреме ова“ – изјави хрватскиот премиер Пленковиќ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целата посада на „селфи-јахтата“

Дејан Дејан

Гувернерот Њусом ништо не презеде за да го запре насилството во Лос Анџелес, обвинува Белата куќа

Дејан Дејан

Гувернерот на Калифорнија ќе ја тужи администрацијата на Трамп поради испраќање на Националната града во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе