Вести Свет

Зеленски и Борел согласни: На Украина и треба повеќе оружје и муниција пред да почне со контраофанзивата

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека на неговата земја и е потребно повеќе време да ја подготви долго-очекуваната контраофанзива против Руските окупатори, во обид да отвори ново поглавје во војната која започна пред повеќе од 14 месеци.

„Со тоа што го имаме во моментов, би можеле да почнеме и би рекол дека ќе бидеме успешни, но ќе изгубиме многу луѓе. Мислам дека тоа е неприфатливо. Затоа треба да почекаме“ – изјави во интервјуто за странските медиуми, украинскиот лидер.

Кога и како Украина се очекува да тргне во контраофанзивата останува тајна. Руските сили, во меѓувреме ги засилија своите одбранбени позиции по должината на фронтот кој се протега 1450 км од источните регионо Луганск и Доњецк, до Запорожје и Херсон на југ.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жосеп Борел, веднаш најави дека Европа ќе одговори на повикот и ќе обезбеди дополнително оружје за Украина.

„Имаме цел и тоа е да произведеме 1 милион муниција од 155 милиметри. Штотуку обезбедивме повеќе од 1000 проектили од 9-ти февруари кога преку три линии почнавме да обезбедуваме муницја. Знам дека тоа не е доволно и доаѓам од состанокот на шефовите на генералштабовите на Европските армии и побарав од нив да обезбедат повеќе од своите резерви, од тоа што го имаат во моментов. Затоа што, фала му на бога, тие нема самите да го употребат и затоа можат да го пратат на Украина и тогаш нашата индустрија ќе произведе повеќе за да ги замени и комплетира нашите резерви. Ова е итно прашање.“ – изјави Борел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Њусом е добар човек, но ужасно неспособен, јас би го уапсил

Дејан Дејан

Орбан: Русија не може да победи ниту во Украина, а не пак да се спротистави на НАТО

Дејан Дејан

Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целата посада на „селфи-јахтата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе