Вести Свет

Демократите и републиканците не се договорија за лимитот на долгот, САД под закана од технички банкрот

Републиканскиот лидер Кевин Мекарти соопшти дека на средбата со претседателот Џо Бајден не е постигнат договор за јавниот долг на САД.

Нема напредок, изјави претседателот на Претставничкиот дом по напуштањето на Белата куќа, каде што еден час разговараше со Бајден, кој е од редовите на Демократите и челниците на Конгресот.

Двете страни треба повторно да се сретнат в петок за да разговараат за ова чувствително прашање, додаде тој.

Демократите и републиканците не успеваат да се договорат за зголемување на плафонот на јавниот долг на САД, што е неопходен законски потег за најголемата светска економија да продолжи да ги плаќа своите обврски, своите службеници и своите доверители.

По напуштањето на состанокот, лидерот на демократите во Сенатот Чак Шумер го обвини Кевин Мекарти дека горната граница на задолжувањето ја држи како „заложник“, бидејќи подигање на плафонот на долгот го условува со намалување на трошоците.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера повтори дека неплаќањето на американските финансиски обврски „не е опција“, по состанокот со конгресните лидери за ова прашање.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Струмичкиот бизнисмен Крмзов доби 30 дена притвор

Дејан Дејан

Завршува учебната година, учениците заминуваат на летен распуст

Дејан Дејан

Трамп: Њусом е добар човек, но ужасно неспособен, јас би го уапсил

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе