Вести Свет

Собири на сочувство во Белград и Нови Сад со семејствата на убиените во основното училиште

Низ социјалните мрежи се шири повик за собир на сочувство со семејствата на убиените во престрелката во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, јави дописникот на МИА од Белград.

Според најавата, собирот ќе се одржи на белградски Цветни плоштад во 20 часот, кој се наоѓа во непосредна близина на училиштето “Владислав Рибникар”.

На собирот се повикани бројни активисти и организации.

Родителите и неколку просветни здруженија ќе одржат собир по повод невидената трагедија што го снајде нашето општество вечерва во 20 часот на Цветниот плоштад во Белград. Дојдете да им оддадеме последна почит на невините жртви, стои во поканата на Твитер страницата на неформалната група „Чувари на огнот“.

Исто така, се дели и покана за собир во Нови Сад. Истата треба да се одржи во 18:00 часот, на централниот градски плоштад.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Путин тврди дека Русија не гаѓа населби во Украина

Дејан Дејан

Продолжува судењето против Мерко за поставување директори

Дејан Дејан

Одобрена вакцина за спречување ХИВ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе