Вести Свет

Реката По е на најниско ниво во последните 30 години, алпските езера не се полни ниту до половина – Италија пред ново сушно лето, оценка на експертите

Сувата и топла зима и недостигот на врнежи во изминатиот период и годинава предизвикаа рекорден пад на нивоата на водите во реките и езерата во Италија, што пак ги потврди стравувањата на експертите дека земјата ја очекува уште една сушна година по ред. Состојбата дополнително загрижува бидејќи околните Алпи уште пред почетокот на летото останаа без резерви на снег. Алпските езера во просек складираат околу 100 милиони литри но нивното сегашно ниво не е ни на половина од вкупниот капацитет.

„Мораме да дејствуваме на различни начини. На краток рок, нема многу што може да се направи. Мораме мудро да се справиме со недоволното снабдување со вода што го имаме, давајќи им приоритет на водата за пиење, потоа земјоделството, па производството на енергија. Одржувањето рамнотежа не е лесно. На среден и долг рок, треба да имаме соодветно системско планирање, бидејќи оваа ситуација не е изолирана вонредна состојба“, изјави Алесандро Брати, генерален секретар на органот кој се грижи за басенот на најдолгата река во земјата По

Реката По, долга 652 километри, тече од северозападниот град Торино до Венеција на источниот брег. Го поминува најгусто населениот, високоиндустриски развиен и најинтензивно обработуван дел од земјата, познат како италијанска долина на храната. Тој е дом на рибари и чамци, храни богати обработливи површини, напојува турбини и го обезбедува со вода локалното население низ нејзините брегови и делти. Но на почетокот на април, нивото на реката достигна сезонско рекордно ниско ниво во последните 30 години, со проток од една третина од сезонскиот просек.

„Ситуацијата е многу критична и нивото што го мериме денес е исто со нивото што ги имавме во јуни 2022 година“, додава Брати.

Ниските текови на По и Адиџе му дозволуваат на Јадранското море да навлезе длабоко по нивното течение, загрозувајќи ги посевите, фармите со школки, водоносните слоеви, па дури и водата за пиење на некои села.  Локалните и националните власти наскоро ќе бидат соочени со тешки одлуки за можното рационализирање на водата и како да се избегнат војни за вода меѓу различни италијански региони ако наскоро во земјата не падне дожд.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетањаху: Падот на иранското раководство не е цел, но може да биде резултат

Дејан Дејан

„Фордо“ во Иран е 90 метри под планина, масивните бомби на САД продираат до 60 метри во подземни мети – стручњаци сметаат дека напад на локацијата во Иран би можел да биде фијаско

Дејан Дејан

Стотици Израелци преноќуваат во подземни железници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе