Делегации на Белград и Приштина утре се среќаваат во Брисел, на состанок на кој ќе се разгледува натамошната примена на договорот од Охрид, што беше постигнат во март годинава. Присуството го потврдија и двајцата лидери, косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Средбата се случува во време на нова напнатост околу локалните избори на северот на Косово, кои косовските Срби ги бојкотираа. Како што јавуваат српските медиуми, српската страна не очекува ништо, додека косовската се надева дека на средбата ќе се разговара за судбината на исчезнатите.
Најголем спор останува формирањето на Заедница на српски општини на кои инсистира Србија, и што е обврска на Косово, што е преземена со потпишување на Бриселскиот договор пред 10 години, а е потврдена со договорот од Охрид.