Вести Свет

Израелските сили убија 16-годишен Палестинец на Западниот Брег

Израелските сили денеска убија 16-годишен Палестинец на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Убиството се случило за време на судирите меѓу израелските сили и Палестинците во село во близина на Витлеем, јавуваат палестинските медиуми.

Палестинското Министерство за здравство го идентификуваше убиениот Мустафа Сабах и соопшти дека бил застрелан во градниот кош.

Израелската армија веднаш не го коментираше инцидентот, а на видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како луѓето го носат телото на момчето по пукањето .

Конфликтите меѓу двата народи се интензивираа во изминатата година.

Утрово израелски војници влегоа во бегалскиот камп Џенин и уапсиле неколку Палестинци осомничени за вмешаност во напади врз Израелци, соопшти армијата.

Палестинските медиуми јавија дека двајца млади мажи биле ранети во судирите што избувнале во кампот.

Повеќе од 97 Палестинци се убиени од израелски оган на Западниот Брег од почетокот на оваа година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Седум повредени во иранското ракетирање на Бершеба – Израел со ново ажирурање на податоците од терен

Дејан Дејан

САД пренесоа еден куп муниција, авиони и војници на Блискиот Исток

Дејан Дејан

Федералниот апелационен суд му дозволи на Трамп да ја распореди Националната гарда во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе