Вести Свет

Палестинците ја обвинија фон дер Лајен за расизам, поради нејзината видео порака за денот на израелската независност

Видео честитката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, упатена до Израел по повод денот на независноста, ја налути палестинската самоуправа, која гневно реагираше обвинувајќи ја претседателката на ЕК за расизам.

Гневот на палестинската самоуправа фон дер Лајен го навлече со тоа што во видео пораката таа вели дека Израел направил „да процвета пустината“. Реакцијата на палестинската самоуправа е новообичаена, особено ако се има во предвид дека Европската Унија е нејзиниот најголем донатор.

Според палестинската самоуправа изречените зборови на фон дер Лајен се несоодветни, лажни и дискриминирачки.

Европската комисија, според зборовите на нејзиниот портпарол, е непријатно изненадена од несоодветната изјава на палестинското Министерство за надворешни работи во кое ја обвинија претседателката на ЕК за расизам.

Бараме појаснување од палестинската самоуправа во врска со нивната неприфатлива реакција на нејзиното видео, соопштија од ЕК.

Реакцијата на Палестинците е ретка жестока критика за висок европски функционер, со кои типично имаат одлични односи.

Изјавата на фон дер Лајен дека Израел направил пустината да процвета, ги навреди Палестинците, затоа што тоа е истата фраза која ја користи Тел Авив за да го опише успехот на државата во развојот на земјата од основањето на државата во 1948 година. Но, Палестинците обвинуваат дека израелскиот развој на земјата значи бришење на нивната историја, затоа што преку тоа се претпоставува дека земјата претходно не била населена или обработувана.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ефективен притвор за Нино Васев и Нехад Нухи

Дејан Дејан

Манев кажа кому го дал пиштолот со кој се убиени Вања и Панче – лицето е уапсено

Дејан Дејан

Од полноќ нови цени на горивата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе