Вести Свет

Германија ги изгаси последните три нуклеарни реактори – славје на еколозите, критики од конзервативците

Германија викендов ги исклучи последните три свои нуклеарни електрани, што наиде на одобрување од групите за заштита на животната средина, но и на критики од конзервативните политичари.

Активистите за заштита на животната средина се собраа околу Бранденбуршката порта во Берлин за да го прослават гаснењето на последниот реактор. На истата локација се најдоа и оние кои важат за заговорници на нуклеарната енергија.

Со таквиот потег, Германија става крај на 60-годишното производство на нуклеарна енергија во земјата. Последните три реактора во Германија се наоѓаат во Баварија, во Долна Саксонија и во Бадем-Виртемберг.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе