Вести Свет

Под урнатините во Марсеј пронајдени две тела

24 часа по уривањето на зграда во центарот на Марсеј, службите за итни случаи синоќа пронајдоа двајца мртви под урнатините. Со оглед на тешката состојба, извлекувањето на телата ќе потрае, соопштија француските медиуми, повикувајќи се на противпожарната бригада. Пожарот неколку метри под урнатините значително ја отежнал спасувачката работа. Сѐ уште е непознато дали загинатите се двајца од осумтте исчезнати лица.

Според информациите, во урнатата зграда живееле осум лица. Според обвинителот на Марсеј, Доминик Лоренс, досега нема информации за нив. Луѓето не одговарале на повиците, а роднините загрижени ги контактирале властите. Се претпоставува дека затрупаните се главно постари луѓе и една двојка на возраст околу 30 години.  Веројатно немало деца во зградата кога се урнала. Под урнатините би можел да биде и еден маж од соседната куќа. Неговата поранешна девојка изјавила дека по несреќата не можела да стапи во контакт со него.

Пет лица од соседните згради се повредени при уривањето кое се случи ноќта во саботата (8 април). Превентивно се евакуирани околу 30 згради во околината. Градоначалникот на Марсеј, Беноа Пајан, изјави во неделата вечер дека сè уште има надеж да се спасат живи луѓе од под урнатините, но таа е многу мала. Но, борбата продолжува, порача тој.

При уривањето на четирикатната зграда на улицата Тиволи во петтиот арондисман во Марсеј, беа урнати и делови од две соседни згради. Неколку часа подоцна една од оштетените згради целосно се урна. Причината за уривањето најверојатно е експлозија на гас.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе