Вести Свет

Борел: ЕУ ќе се спротивстави на секоја злоупотреба од Русија како претседавач со СБ на ОН

Европската унија (ЕУ) ќе се спротивстави на секоја злоупотреба од руска страна за време на нејзиното претседавање со Советот за безбедност на ОН во април, изјави денеска во Брисел првиот европски дипломат, Жозеп Борел.

Доаѓањето на Русија за претседавач со Советот за безбедност на ОН вредно е како првоаприлска шега. И покрај тоа што е постојана членка на Советот за безбедност, Русија продолжува да ја крши самата суштина на правната рамка на ОН, рече Борел.

Русија од вчера го презеде претседавањето со Советот за безбедност на ОН во текот на април, а Москва соопшти дека нејзината делегација ќе ја предводи министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Првиот состанок на Советот за безбедност под руско претседателство треба да се одржи утре, но тоа ќе биде само вообичаените разговори зад затворени врати за работната програма за месецот.

Потоа, како што е вообичаено, новиот претседавач, рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензија, треба да има прес конференција на која ќе ги изложи чекорите што треба да се преземат во текот на месецот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера повика на „реформа на глобалните институции, вклучувајќи го и Советот за безбедност на ОН“.

Терористичката држава мора да биде спречена да го уништи светот. Терористите мора да изгубат, мора да бидат одговорни за теророт и никаде да не претседаваат, рече Зеленски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петровска: Она што Израел го демонстрира не се однесува на останатите земји во регионот, туку се фокусирани на Иран

Дејан Дејан

Арсовски: Русија во моментот не може самата себе да си помогне, а не да му помогне на Иран

Дејан Дејан

Петровска: Со ударите во Иран, САД испратија пораки и кон сојузниците и кон ривалите и поддржувачите на Техеран, нападите можеа да се насетат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе