Вести Свет

Украина нарачала од Полска 100 оклопни возила „Патриа“ , фактурата оди кај САД и ЕУ

Украина нарачала 100 полски повеќенаменски оклопни возила „Росомак“, што се произведени под финска лиценца, а ќе ги платат Европската унија и САД, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

Добиваме нарачка од украинскиот премиер Денис Шмихал за 100 оклопни возила „Росомак“ што ќе се произведуваат овде, рече Моравјецки во Сјемјановице Слонскје, јужно од Полска, каде што се произведуваат возилата.

Плаќањето ќе се врши од фондовите на ЕУ дадени на Полска и од американските фондови што ги доби Украина, изјави полскиот премиер.

Полскиот премиер не наведе колку е вкупната сума на договорот.

„Росомак“ е повеќенаменско оклопно возило што се произведува под лиценца на финската фирма „Патриа“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петровска: Она што Израел го демонстрира не се однесува на останатите земји во регионот, туку се фокусирани на Иран

Дејан Дејан

Арсовски: Русија во моментот не може самата себе да си помогне, а не да му помогне на Иран

Дејан Дејан

Петровска: Со ударите во Иран, САД испратија пораки и кон сојузниците и кон ривалите и поддржувачите на Техеран, нападите можеа да се насетат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе