Тешка несреќа во случи во Хрватска, каде при полетување се урна авион на аеродромот во Пула, пришто загинаа две лица. Според хрватските медиуми, станува збор за мал приватен авион.
Неофицијалните информации говорат дека во прашање се странски државјани, сопружници. Авионот имал германски ознаки, па се претпоставува се работи за државјани на Германија, пренесува Истра24.
Од аеродромот во Пула информираат дека се одложени сите летови на неодредени време.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.