Вести Свет

Ердоган побара жителите на Адијаман да му простат за задоцнетата помош која пристигна по 34 часа од земјотресот

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган побара „прошка“ од жителите на провинцијата Адијаман за доцното пристигнување на спасувачките тимови, имајќи предвид дека областа на југоисточниот дел од земјата е меѓу најпогодените во катастрофалниот земјотрес од 6 февруари.

Поради разорниот ефект од двата земјотреса и лошите временски услови, не можевме да работиме како што сакавме во првите денови од катастрофата во Адијаман. За ова ве молам да ми простите, рече Ердоган при посетата на Адијаман.

Шефот на државата пристигна во овој град три недели по земјотресот во кој загинаа повеќе од 50.000 луѓе во Турција и соседна Сирија. Турскиот претседател, кој е на власт 20 години и со амбиции да ја задржи функцијата по изборите на 14 мај, беше предмет на жестоки критики поради бавноста на земјата при помагањето на жртвите.

Толку многу згради и објекти беа уништени што за жал не бевме толку брзи како што се надевавме, рече Ердоган. Тој ги призна „неуспесите“ во одговорот на земјотресите, додавајќи дека е „невозможно да се биде целосно подготвен за катастрофа од вакви размери“.

Во Адијаман и во провинцијата Хатај луѓето изразија големо незадоволство од реакцијата на Владата на природната катастрофа. Мехмет Јилдирим тврди дека 34 часа по првиот земјотрес не видел „никого“, ниту државни претставници, ниту полиција или војска, тие биле „оставени сами на себе“.

Ердоган денеска вети дека ќе изгради околу 50.000 нови станови во Адијаман. Треба да се изградат околу 309.000 станбени единици во 11-те провинции погодени од разорните земјотреси.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе