Вести Свет

Шефот на Вагнер ја обвини руската армија за предавство

Шефот на руската паравоена група Вагнер Евгениј Пригожин денеска го обвини Генералштабот на руската армија за „предавство“ затоа што одби да им обезбеди опрема на неговите платеници на линијата на фронтот во источна Украина.

Светските агенции коментираат дека изјавата на Пригожин укажува на зголемена тензија меѓу неговата Вагнер група и руската армија, бидејќи се чини дека двете сили се во конкуренција на теренот во Украина.

Тензиите станаа сè повидливи во последниве недели додека руските сили се обидуваат да го заземат источниот град Бахмут, при што војската и Вагнер тврдат дека напредуваат, со понекогаш спротивставени информации.

Началникот на Генералштабот и министерот за одбрана даваат наредби по секоја цена, барајќи не само да не се дава муниција на паравоената група Вагнер, туку и да не ѝ се помага во воздушниот транспорт, рече Пригожин во аудио порака објавена на Телеграм, пренесе Бета.

Шефот на Вагнер оцени дека постои „фронтално противење, кое не е ништо повеќе од обид да се уништи Вагнер“.

Тоа може да се спореди со предавство бидејќи Вагнер се бори за Бахмут и секој ден трпи стотици жртви, рече тој.

Пригожин во минатото постојано ја критикуваше руската врховна команда, но отворената критика кон началникот на Генералштабот Валериј Герасимов и министерот за одбрана Сергеј Шојгу, две клучни фигури во владата на Владимир Путин, очигледно е зголемување на тензиите.

Ниту руската армија ниту Министерството за одбрана досега не реагираа на изјавите.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе