Шуто Оризари – скопска приградска населба , позната по шопинг тезгите – место каде што можат да се најде релативно евтина облека, но не и матичен гинеколог.
Таму скоро цела година нема гинеколог , па најблиско место каде што повеќе од 10 000 жени можат да добијат гинеколошки преглед е Чаир.
Сиромаштијата и ниското ниво на образование кај дел од нив сепак ги спречува да се грижат за своето репродуктивно здравје.
Бремените Ромки за време на својата бременост прават само 5 прегледи што е под националниот просек – кој вели дека секоја жена во бременоста треба биде прегледана од гинеколог 8 пати.
Иако овие услуги треба да се бесплатни сепак многу гинеколози им ги наплаќаат , вели активиската Салија Бекир.
Токму една ваква немила случка, деновививе ја разбранува јавноста кога родилка и новороденче починаа на ГАК , случајот се истражува , а од невладините алармираат дека акцент се ставило повеќе на тоа колку деца имала жената и дали одела редовно на гинеколог.
За само неколку денови на другиот крај од земјава , во Струмица почина 9-месечно бебе, кое во болницата било примено со отежнато дишење и не дочека да биде испратено на лековање в Скопје.
За оваа година се уште нема податоци, но само лани во Македонија имало регистрирано 112 починати доенчиња , дома и во болнички услови.
Од детска клиника за Телма велат дека најчеста причина за смрт на новороденчиња се респираторни проблеми, малигни, срцеви болести.
Уште една причина е тоа што во некои делови во земјава нема гинеколози, неследење на бременоста , многу предвремено родени бебиња.
А државата нема статистика колку бремени жени починале, односно официјалните податоци велат дека ниоту една бремена жена не го загубила својот живот изминативе пет години.
Инаку, најмногу починати доилки, новороденчиња и доенчиња има во полошкиот регион а најмалку на истокот на земјата.
Теодора Цветковска