Свет

На социјална дистанца, но обединети поради пандемијата на Ковид – 19

Асамблеата на ОН годинава на 75 од постоењето остана полупразна. Малкумина присутни можеа со аплауз да го поздрават обраќањето на генералниот секретар Гутереш, кој недвосмислено кажа – пандемијата со Ковид – 19 ја разотри светската нестабилност, но ранливи се нациите – омразата се шири, сиромаштијата расте.

Нерамноправност меѓу половите и понатаму е најголемиот предизвик за човековите права ширум светот. Климатската катастрофа ни се заканува, биолошкиот диверзитет пропаѓа, сиромаштијата повторно расте. Омразата се шири, геополитичката напнатост ескалира, нуклеарното оружје е на готовс. Трансформативните технологии отворија нови можности, но претставува и нова закана. А пандемијата со Ковид – 19 ја разотри светската нестабилност. Со нив може да се справиме само заедно, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Пандемијата на коронавирусот, климатските промени и насилниот екстремизам овие придизвици ги споија светските лидери на 193 земји, кои доста често се разединети во ставовите.

Сега виртуелно присутни од своите празни работни простории украсени со уметнички слики ги упатија снимените пораки полни со надеж за подобар свет. Македонскиот претседател пред мала библиотека, а на ѕидот закачена сликата „Крушевски амбиент“ на Никола Мартиновски, повика на глобална солидарност за справуваве со последици од пандемијата.

Во усвоената декларација на виртуелен состанок доцна синоќа, се оценува дека Обединетите нации се единствената светска организација што има моќ да ги зближи земјите.

За да се справиме со глобалните предизвици на 21. век потребни се реформи во светската организација, порача Меркел од празниот кабинет.

Пандемијата со Ковид – 19 е само еден пример кој покажува дека глобалните проблеми бараат разбирање и соработка надвор од националните граници на сите нивоа. На крајот ОН можат да бидат ефективни онолку колку што се обединети нивните членки. Посебно кога станува збор за најважните безбедносни прашања, како ситуацијата во Либија и трагедиите во Сирија, од витална важност е, и покрај сите неуспеси, да се направи се што е во наша моќ да ја пронајдеме заеднички, а со тоа и одржливи решенија. Тоа беше посебно важно  за време на германското непостојано членство во Советот за безбедност. Меѓутоа, Советот за безбедност пречесто е на мртва точка кога се бараат јасни одлуки. Потребни се реформи. ОН мораат да продолжат да се развиваат за да ги совладаат глобалните предизвици на 21. Век, вели германската канцеларка, Ангела Меркел.

На физичка дистанца, но тесно поврзани поради пандемијата на Ковид – 19, во документот стои, силни сме само онолку колку што е силна нашата најслаба алка.

Родени од пепелта на Втората светска војна, Обединетите нации се основани за да ги спасат идните генерации од канџите на војната, се истакнува на крајот во Повелбата на ОН.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Некои загубиле свест, некои пишувале проштални пораки – драма на лет во Јапонија, авион паднал 25.000 стапки за 10 минути

Дејан Дејан

Четворица полесно повредени луѓе во напад со нож во воз на релација Хамбург – Виена

Дејан Дејан

Неколкумина избодени во близина на трговски центар – напад со нож во центарот на Тампере

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе