Вести Култура Македонија

ДЛУМ со барања за достоинствена работа на уметниците

75 години без свој галериски простор, достоинствени услови за уметниците, нови вработувања , поништување  на финансискиот долг кон ГТЦ и поголем медиумски простор за културата се дел од барањата кои членовите на Друштвото на ликовни уметници на Македонија ги упатија вечерва до надлежните институции на почетокот на  отворањето на Годишната изложба .

Во моментов е невозможно да се разговара за самоодржливост на ДЛУМ, смета Јана Манева Чупоска кога треба да се врати долгот кон ГТЦ.

Во рамките на „Годишната изложба“ учествуваат 55 автори-членови на ДЛУМ. Вечерва им беа доделени наградите на Ирена Паскали за нови медиуми, Ѓорѓи Динев е добитник на наградата за сликарство, Стефан Младеновски за графика и Синиша Новески е добитник на наградата за скулптура.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе