Вести Македонија

За 2,3 проценти зголемен бројот на студенти запишани во 2024/2025 во однос на претходната академска година

Во академската 2024/2025 година на додипломски студии се запишале 53 535 студенти, што е зголемување за 2.3 проценти во однос на претходната 2023/2024 година, објави Државниот завод за статистика .

Над половина од запишаните,  31 734 или 59.3 отсто,  се студентки.

Најголем број студенти, 76.8 проценти, се запишале на државните високообразовни установи, додека 23.2 проценти на приватните високообразовни установи.

-Во прва година на студии, во академската 2024/2025 година, се запишале 14 644 студенти или 27.4 отсто од вкупниот број (тука се опфатени и студентите што се запишуваат во прва година по втор, трет и повеќепати), а 13 825 студенти во прва година се запишале првпат, наведува ДЗС во објавата.

Во академската 2024/2025 година најмногу студенти (13 371) се запишале во областа здравство и социјална заштита, потоа во областа бизнис, администрација и право (10 839) и на информатичко-комуникациски технологии (8875). Најмалку запишани студенти имало во областа земјоделство, шумарство, рибарство и ветерина (740).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој ја мати водата во Велешкото езеро- алгите или фекалиите ?

Дејан Дејан

Јовановиќ: Данок за немажени и неженети имало во фашистичка Италија и во СССР за време на Сталин

Дејан Дејан

(Видео) Шишање на улица, запреа возови, во застој и метрото во Прага – голем дел од Чешка без струја

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе