Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека е разочаран од неговиот руски колега Владимир Путин и оти не мисли дека ќе ја запре војната во Украина.
Трамп претходно рече дека телефонскиот разговор со Путин не резултирал со никаков напредок во напорите за завршување на војната во Украина
Американскиот претседател денеска оствари телефонски разговори и со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Зеленски ја нагласил потребата од засилување на украинската противвоздушна одбрана во момент на ескалација на руските воздушни напади врз градовите. Двајцата лидери се сложиле да работат повеќе на заштита на украинското небо.