Обвинението сè уште го немаме видено. Ќе го побараме за да видиме која е теоријата на јавното обвинителство. Ако обвинението биде оценетокако позитивно и продолжи судскиот процес, што е голема веројатност тоа да се случи, ќе има голем предизвик, особено кривичниот суд, за организацијата на тоа судење, вели Ивана Петковска од Коалиција „Сите за правично судење“ во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
„Има голем бројна оштетени, има голем број на обвинети, јавност која што е заинтересирана да го следи судењето. Меѓутоа, капацитетите на кривичнито суд се сè помали и помали, во делот ина судии и во делот на стручна служба која што ќе треба да го организира цело тоа судење. Последните информации што ги имаме е дека министерството за финансии нема дадено согласност за вработување во судовите. Сите оние кои што беа вработени со договор на дело, од март наваму, тоа се мислам околу 120 лица од судовите, не можат да продолжат да работат, поради тоа што нема согласност од министерството за финансии. Така што, тоа ќе биде итоа како клучна работа на кривичниот суд. Имаат искуство од водење на големи предмети како „Змиско око“, „Диво насеље“, „27 април“, меѓутоа клучна ќе биде организацијата на судот и начинот на кој ќе го спроведат судењето, а сето тоа да биде со запазени стандарди за фер и правично судење за да може да се обезбеди и квалитетно судење“, смета Петковска.