Андреј Бадалов, потпретседател на руската државна компанија „Транснефт“ која има монопол за транспорт на нафта, починал по наводен пад од прозорец на неговиот стан во луксузното московско предградие Рубљовка, објавија денеска државните медиуми. Потврда на веста за 62-годишниот Бадалов дојде и од компанијата, без да се навлегува во околностите на неговата смрт.
„Транснефт“ соопшти дека работата на Бадалов била одбележана со „тежок и стресен период“ поради западните санкции,пишува „Москва Тајмс“.
Телото на Бадалов било пронајдено под прозорецот на зградата во која живеел, јави државната новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на неименуван извор од полицијата.
„Според првичните информации, причина за смртта е самоубиство“, изјавил изворот и додал оти во тек е прелиминарна истрага.