Европската Унија треба да одговори на царинската политика на американскиот претседател Доналд Трамп со зајакнување на својот единствен пазар, порача претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард.
– Секако, САД се голема земја, важно место, а исто така и важен трговски партнер за нас. Но, она што треба да го направиме е да си ја средиме сопствената куќа, изјави денеска шефицата на централната банка за германското радио.
– Имаме огромен потенцијал во Европа, рече таа и ја нагласи важноста да се обезбеди слободно движење на стоки, капитал и луѓе во рамките на заедницата, пренесе ДПА.
Лагард повика да се надминат внатрешните бариери и дополнително да се усогласат процедурите за лиценцирање и другите национални барања.