Вести Македонија

Кој ја мати водата во Велешкото Езеро – алгите или фекалиите?

Често користено за одмор и релаксација, рибарење или освежување од топлото време, но изгледот на водата во вештачкото езеро Младост загрижува. Нечиста, мириса на хемикалии, но и дали овде се случува институционална негижа. Граѓаните констираат и прашуваат кои се причините за загадувањето на езерото.

„Да, и тоа големо загадување. За причините сите различно кажуваат, кој кислород“, вели граѓанин.

„Бев пред една недела тиња се гледа не е пријатно и не можеш да влезеш од трските да се избањаш кај клупите порано каде што се бањавме“, вели гаѓанин. 

„Синоќа бев ама не на бањање. Имаше кругови, вели граѓанка.

Локалните ресторани, пак, тврдат, езерото не е загадено од фекалии.

„Во никој случај фекалии нема, бидејќи и едното и другото село се со канализации, а реките што се наводнува езерото се потполно суви. Од каде ќе дојдат тие фекалии кога нема воопшто вода“, вели вработен во локален ресторан.

Од Општина Велес тврдат дека загадување на езерото Младост има, но не од фекалии, туку поради тоа што водата немала доволно кислород. Додаваат дека комунални инспектори се на терен и не утврдиле дека околните викенд населби ја загадуваат водата. Уверуваат дека во следниот период ќе преземат низа мерки со цел надминување на оваа состојба.

„Загадувањето на Велешкото Езеро не е од човечки фактор, односно фекалии, туку една природна појава која што се јавува во езерото Младост а тоа е всушност недостиг на кислород во езерото Младост. Еден процес на кој што алгите кои што се појавуваат во Велешкото Езеро кои што се хранат со кислород и во тој дел тие на некој начин подоцна и изумираат и формираат една непријатна боја на Велешкото Езеро воедно еден воден талог на самата површина кои што испуштаат своја течност самите алги“, вели Петре Цилаков од секторот за животна средина во Општина Велес.

Од центарот за јавно здравје Велес за Телма велат дека минатата недела споревеле испитување на водата на езерото Младост, а резулатите очекуваат да ги добијат оваа недела.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе