Вести Економија Најважни

Јовановиќ: Данок за немажени и неженети имало во фашистичка Италија и во СССР за време на Сталин

Стигнаа првите реакции од познавачите околу изјавата на премиерот Мицкоски кој кажа дека сериозни се размислува да се воведат дополнителни даноци за немажени и неженете. Според, финансискиот аналитичар Бранимир Јовановиќ, тоа не смее да се случи. Има други механизми како да се задржат младите во земјава и да се подобри состојбата со наталитетот и со склучувањето бракови.

„Знам само за два примери во историјата, кога имало вакви даноци. Првиот пример е во фашистичка Италија, Мусолини воведе таков данок и вториот пример е Сталин. Така што мислам дека тоа говори доволно и кажува се за оваа мерка. И мислам дека наместо да даваат вакви генијални изјави, од Владата односно премиерот треба навистина да се запраша зошто луѓето си заминуваат од државата,  и зошто луѓето кои што остануваат таму немаат деца“, вели Јовановиќ.

Јовановиќ потенцира дека државата подобро е да се насочи кон проблемите со ниските плати, скапотијата, кон поодбрување на образованието, кон решавање на проблемите со загадениот воздрух, односно кон сите оние основни работи кои му значат на обичниот човек во оваа земја.

„Она што најмногу придонесува за тоа луѓето да имаат повеќе деца или да не се иселуваат од змејата, е подобрување на квалитетот на живот. Ако имате лош квалитет на живот ако никој не сака да живее во таа држава, ако имате ниски плати, се е скапо, не може да купите стан, не можете да отидете на доктор да се лечите, здравството колабира, треба пари да го пратите детето во градинка, како можете да очекувате вие во таква ситуацијата луѓето да имаат деца и да остануваат во државата. на тоа треба да се фокусираат напорите и мерките“, нагласи Јовановиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе