Економија Свет

Цените на храната во јуни највисоки во последните две години

До највисокото ниво во две години се приближија цените на храната во јуни, бидејќи скокот на цените на месото и растителните масла го надмина значително поевтиниот шеќер и житарки, стои во извештајот на Агенцијата за храна и земјоделство на ОН објавен денеска.

Индексот на цени на ФАО за основни прехранбени производи во јуни изнесувал 128,0 поени и бил за 0,5 отсто повисок отколку во мај. Неговата вредност повторно се приближи до највисокото ниво во две години, од 128,2 поени, кое беше достигнато во април. Во однос на јуни минатата година, цените биле повисоки за 5,8 отсто.

Најмногу поскапеле растителните масла во мај, за 2,3 отсто, со повисоки цени на палминото, репкиното и соиното масло поради засилената побарувачка во секторот биогорива. Цените на сончогледовото масло, пак, благо се намалиле поради зголеменото производство во црноморскиот регион.

Цените на месото исто така значително пораснаа, за 2,1 отсто, достигнувајќи ново највисоко ниво откако ФАО објавува податоци, бидејќи силното поскапување на говедското, свинското и овчото месо повторно го надмина падот на цените на живината.

Млечните производи во јуни поскапеа за 0,5 отсто, бидејќи ограничената понуда во Океанија и ЕУ и континуирано високата побарувачка во Азија втор месец по ред ги подигнаа цените на путерот на највисоко ниво откако ФАО објавува податоци, пренесува МИА.

Шеќерот, пак, значително поевтини во јуни, четврти месец по ред, и тоа за 5,2 отсто во однос на мај, со пад на цените на најниско ниво од април 2021 година, под влијание на очекувањата дека родот на шеќерна трска во Бразил, Индија и Тајланд, водечките производители, ќе биде исклучително добар со оглед на поволните временски услови и поголемите засеани површини.

Значително се намалија и цените на житарките во шестиот месец од годинава, за 1,5 отсто на месечно ниво, одразувајќи го остриот пад на цените на пченката, втор месец по ред, поради обилната понуда од Аргентина и Бразил. Пченицата, пак, поскапе поради стравувањата дека сушата би можела да го загрози родот во Русија, САД и одредени делови од ЕУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бројот на повредени во експлозијата на бензинска во Рим се искачи на најмалку 40

Дејан Дејан

Јовановиќ: Данок за немажени и неженети имало во фашистичка Италија и во СССР за време на Сталин

Дејан Дејан

(Видео) Шишање на улица, запреа возови, во застој и метрото во Прага – голем дел од Чешка без струја

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе