Бројот на повредени во денешната експлозија на бензинска станица во Рим се искачи на најмалку 40 луѓе, а оштетени се неколку згради и судски магацин. Меѓу повредените се и спасувачи, но никој не е во тешка здравствена состојба.
Според регионалниот шеф на противпожарната служба експлозијата е предизвикана од дефект на системот за плин.
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони платформата Икс објави дека „внимателно“ ги следи последиците од експлозијата и оти е во контакт со надлежните служби.
„Изразувам солидарност со сите повредени, вклучително полицајците, пожарникарите, медицинскиот персонал и упатувам искрена благодарност до сите кои учествуваа во операциите на спасување и безбедност“, наведе Мелони.