Вести Македонија

Блупринт: Загрозен е независноста на Академијата за судии и јавни обвинители

Блупринт групата за реформи во правосудството ја истакнува својата загриженост за одлуката на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители со која е назначен посебниот советник на министерот за правда, Андреја Весов за член на Програмскиот совет на Академијата за судии и јавни обвинители.

  • „Имено, според член 19 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, како член на Програмскиот совет може да биде избран „раководен државен службеник од Министерството за правда со најмалку осум години работен стаж на работи од областа на правосудството, по положен правосуден испит.“ Оттаму, според јавно достапните информации, членот на Програмскиот совет кој е назначен е вработен како посебен советник на министерот за правда, позиција што не се квалификува како раководен државен службеник согласно Законот за административни службеници, туку како ангажман на определено време според Законот за вработените во јавниот сектор“, се вели во реакцијата од Блупринт групата.

Од таму дополнуваат дека неговата поврзаност со одредена политичка партија и неодамнешна кандидатура за пратеник на последните парламентарни избори во Република Северна Македонија сериозно ја нарушува перцепцијата за независност и непристрасност на Академијата, особено во процесот на избор и обука на идни судии и јавни обвинители.

Потсетуваат дека Академијата треба да биде деполитизирана, професионална институција чија главна мисија е зајакнување на правосудниот кадар и унапредување на владеењето на правото.

  • „Програмскиот совет мора да биде составен од професионалци со несомнено искуство и интегритет како би се обезбедило објективен процес на селекција и прием на слушатели на Академијата, ова особено што во изминатите години речиси во секоја генерација на прием на слушатели на Академијата за жал се соочуваме со различни сомнежи или нерегуларности кои го поткопуваат интегритетот на оваа клучна институција“, се вели во реакцијата од Блупринт групата.

Оттаму, упатуваат апел до надлежните институции за доследно почитување на законските одредби при избор и именување на членови во телата на Академијата, со цел да се заштити нејзината независност, стручност и интегритет. Само преку транспарентно и законито постапување може да се обезбеди доверба во процесите на обука и селекција на идните судии и јавни обвинители.

(Блупринт група за реформи во правосудството: Институт за човекови права (ИЧП);  Коалиција „Сите за правично судење“ (КСПС); Македонско здружение на млади правници (МЗМП); Хелсиншки комитет за човекови права и Центар за правни истражувања и анализи (ЦПИА))

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе