Со гласање за недовера следниот четвроток ќе се соочи Европската комисија на Урсула фон дер во Европскиот парламент, откако предлогот поднесен од романскиот десничарски европратеник Георге Пипереа ги помина потребните парламентарни процедури, јави дописникот на МИА од Брисел.
Како што соопшти претседателката на Европарламентот Роберта Мецола дебатата по предлогот на Пипереа ќе се одржи в понеделник на стартот на јулската парламентарна сесија предвидена за следната недела во Стразбур, по што по неа европратениците ќе се изјаснат в четврток.
Мецола изјави дека иницијативата ги исполнува сите услови предвидени со член 131 од Деловникот на Европарламентот и таа ќе се најде на дневниот ред на заседанието закажано за од 7 до 10 јули.