Вести Македонија Најважни

Реакцијата на Костадинов е одраз на нивото на демократија во сите партии?!

Реакцијата на струмичкиот градоначалник, кој откако не беше номиниран од партијата да влезе во трка за повторен мандат го замрзна членството во СДСМ и објави дека ќе започне ново внатрепартиско делување, не е изнанадување за политичките аналитичари. Напротив, оценуваат дека е одраз на нивото на внатрепартиската демократија во сите партии, генерално.

Останатите прегрупирања во партиите пред избори, за Трошановски се нормална работа во политичкиот живот.

Номинациите на кандидати за претстојните избори предизвикуваат реакции во сите партии, иако не секогаш за тоа се зборува јавно. За да се амортизира незадоволството, имињата се објавуваат постепено, а клучните адути се чуваат за крај. Викендов и ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе објави дел од кандидатите, а од утре почнуваат разговори и со коалиционите партнери од ЗНАМ.

Сè уште се кријат адутите и во блокот на партиите на Албанците, иако неофицијално веќе се спомнува дека ДУИ во Чаир ќе го кандидираат Бујар Османи, а Гостивар ќе му го отстапат на Арбен Таравари. ДУИ би требало да има свои кандидати во Тетово, Чаир и Кичево, крилото на Таравари во Гостивар, Врапчиште и Сарај, а крилото на Села во Струга и Арачиново. Но, одвоените средби со коалиционите партнери засега не дадоа конкретен резултат.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе