Вести Свет

Сè уште активен пожарот на вториот крак на Халкидики

Сè уште е активен шумскиот пожар на вториот крак на Халкидики во регионот на Вурвуру, меѓутоа не се во опасност населени места, според информациите од противпожарната служба на Грција.

Пожарот што избувна околу 16 часот по локално време, гори густа борова шума и е во непрооден дел, а над три часа подоцна сè уште не е ставен под контрола, иако интервенираат голем број пожарникари и дополнително се засилени воздушните средства, пишува МИА.

Во гаснењето учествуваат 65 пожарникари со два пешадиски тима, 20 возила, волонтери, како и 14 авиони и пет хеликоптер, а помагаат и цистерни од општините.

Населените и туристичките места веднаш беа евакуирани, со оглед на тоа што од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до сите што се во конкретната област да се евакуираат кон Никити.

Дополнително евакуиран бил и еден камп.

Временските услови, односно слабиот ветер, како и близината на морето, помагаат во гаснењето на пожарот.

Поради пожарот во прекин е сообраќајот на возила на патот Неа Мудања – Спарти од Ормос Панагиас до Вурвуру, а од полицијата ги повикаа возачите да бидат особено внимателни и да ги следат упатствата од полицајците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе